Моќта на триаголникот
Триаголникот е повеќе од симбол; тоа е филозофија, метод на учење и стил на предавање. Во неговата срж, претставува мултилатерален пристап кон се.
Како филозофија го опфаќа светот како нешто што е повеќе од црно-бела проекција, да и не, точно и грешно. Тоа е идеја дека секогаш има размилувања и одговори над очигледното. И како што сите страни се еднакви, дозволува многукратни перспективи за индивидуални прашања. Со вклучување на минатото, сегашноста и мислата на иднината, се стреми да биде модерен, прогресивен, а истовремено класичен во својата суштина.
Учењето со методот на триаголникот ги стимулира учениците не само да читаат, пишуваат и да зборуваат течно, туку и да размислуваат критички додека го прават истото. Следствено, учениците се охрабрени да направат многу повеќе одошто само да учат странски јазик. Тие учат како да размислуваат на тој јазик. Не помалку важно, учениците исто така работат на тоа да развијат сопствен идентитет базиран на јазикот на кој зборуваат. Со тоа, учениците кои го искусуваат методот на триаголникот во Артизан, ќе имаат поголеми можности да успеат на училиште, на работа и во животот.
Прво, преку триаголник учењето, учениците ги учат основите на англискиот јазик за да можат да имаат повеќе доверба, без оглед дали решаваат тест или зборуваат. Второ, со тоа што учат вештини на критичко размилување, покрај основите на јазикот, учениците ќе добијат пракса за донесување на одлуки и станување на појаки водачи. Наместо пречка, англискиот јазик станува алатка за успех. Трето, триаголник учењето става посебно акцент на процесот на себенаоѓање како внатрешен дел на совладувањето на еден јазик. Со тоа, учениците изложени на овој метод нема само да “учат” англики јазик, туку и ќе создадат англиски идентитет.
Триаголник стилот на предавање е фокусиран пристап: учениците учат читање, пишување и зборување подеднакво. Со употреба на модерната технологија, триаголникот предавањето во Артизан е во можност да го постигне ова поефективно отколку другите училишта. Додека самиот час е сконцентриран на вештините зборување и читање, пишувањето се прави и оценува надовр од редовните часови (Студентско катче) за да се обезбеди максимално внимание на релација професор-ученик. Ниту една минута од часот не се користи за нешто што учениците можат да го направат без професорот.
Секој час е поделен подеднакво на третини . Првата третина е посветена на повторување и евалуирање на претходните лекции преку лични презентации. Фокусот на втората половина е предавање од страна на професорот. Додека го задржува ученик-центар простапот, професорот презентира нова вештина и го осигурува ученичкото разбирање преку интрактивни вежби. Останатата третина им дава можност на учениците да ја процесираат лекцијата на подлабоко ниво за да се здобијат со максимум паметење. Ова се постигнува со стимулирање на учениците да го поседуваат јазикот преку групна активност со која тие мора да креираат нешто ново користејќи ја лекцијата која ја имаат научено претходно . Со тоа, учениците се способни да развијат бесценети интерперсонални вештини покрај учењето на англискиот јазик. Згора на тоа, кративните активности му дозволуваат на професорот да се движи низ училницата и да работи со секој ученик индивидуално додека се подготвуваат проектите.
Со употреба на триаголник предавањето во училницата, ние можеме да им гарантираме дека нашите ученици ќе добијат максимум изложување и вежбање на англискиот јазик на дадениот час. Триаголникот на комуникацијата и партиципирањето во училницата е тоа што всушност, во првата третина учениците зборуваат едни со други, во втората третина зборува професорот и на крај професорот работи со секој ученик индивидуално на креативните проекти во последната фаза од часот.











