Курсеви за деца
Стандардните курсеви за деца се состојат од настава во траење од 1 час, двапати во седмицата, 8 пати во месецот, правејќи 64 наставни часа во текот на една академска година. На крајот од курсот учениците полагаат завршен тест, на кој начин го завршуваат нивото на познавање на англискиот јазик. Завршниот тест ги проверува четирите јазични вештини: слушање, читање, пишување и зборување. Уписите за овие курсеви се одвиваат во првите две недели од септември и јануари секоја година.
Во Артизан користиме комбинација на различни техники на предавање, но главно техниката на триаголникот, којашто ја акцентира важноста на критичкото размислување на англиски јазик. Како резултат на ова, нашите ученици имаат тенденција да бидат многу мотивирани и ентузијасти во врска со употребата на англискиот јазик во секојдневната комуникација. Со тоа, учениците кои го следат триаголникот учењето во Артизан ќе имаат поголеми можности да успеат на училиште, на работа и во животот.
Искрено веруваме дека нашиот пристап кон совладувањето на англискиот јазик е придружен со духот на 21 век.





















